Претставниците на МКЦ побараа поддршка од Пендаровски за законски и отворен конкурс за директор на Младинскиот културен центар

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Програмскиот колегиум на Младински културен центар – МКЦ.

Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар. Тие појаснија дека со доделениот буџет од Градот Скопје за 2023 година ќе се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите кои делуваат во установата и фестивалите со долгогодишна традиција, известуваат од претседателскиот кабинет.

„Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето на в.д. директор во институцијата, кое според нив се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од Претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Претседателот Пендаровски посочи дека треба што поскоро да се најде решение за овие предизвици во рамки на законските процедури и регулативи“, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Би можело да ве интересира

МКЦ: Малициозно е да се потценува трудот на шанкерите, понекогаш работат и по 12 часа, служат по 2000 луѓе

Маја Илиевска-Пачемска

„Сите за МКЦ“: Утре протест пред Град Скопје поради смената на директорот и кратењето на буџетот

Ана Ололовска

МКЦ: Директорот Ванчо Богоев беше сменет оти не потпиша вработување за Бени Шаќири

Орце Костов

Ниплпипл, Луфтанза, Хајка, Кантон6 и најпознатите скопски диџеи на фестивалот „Градот ме тера да пеам“

Ана Ололовска

Мистериозниот електро – поп бенд „Nipplepeople“ со сценски настап во Скопје

Ана Ололовска

Загревање за Cinedays – Европско патувачко кино под отворено небо

Ана Ололовска