Претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора

Од:

По фестивалското гостување во Витербо, Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ ќе учествува и на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022.

Во натпреварувачкиот дел од програмата, која ќе трае од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест театарски претстави од Црна Гора и регионот (Србија, Хрватска, БиХ и Македонија).

Претставата „Народен непријател“ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, ќе се одигра на последната натпреварувачка вечер на 12 ноември на сцената на Никшиќко позориште.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште.

Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември.

Би можело да ве интересира

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Премиерата на сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“ ќе биде на 13 ноември

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ