Претставата „Кожурец“ на претпоследниот ден на МОТ

Од:

Претставата „Кожурец“ на театарот „Артопија“ во режија на Билјана Радиноска е денеска на фестивалската програма на 45. Млад отворен театар, која ќе биде прикажана онлајн од 19.30 часот.

Според организаторот на МОТ – Младинскиот културен центар, „Кожурец“ е нов храбар обид за експериментирање на театарската група „Артопија“, која повеќе од четири години е симбол на слободен театарски израз.

– Работена според вистинска приказна, претставата „Кожурец“ го отвора просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешните механизми на сексуалната злоупотреба на децата. Претставата е своевиден емотивен пејзаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес, соопшти МКЦ во најавата за претпоследната претстава на годинашниот МОТ кој завршува утре.

Билетите се достапни само преку bileti.mkc.mk. Oнлајн-претставите се бесплатни но со задолжително „подигнување“ билети.

Би можело да ве интересира

Вечерва „Хинкеман“ на независниот театар Златен Елец го отвара 49. МОТ

А1он

Заврши 46-то издание на Млад отворен театар

Ана Ололовска

Три претстави денеска на МОТ

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ

Ана Ололовска

МКЦ ги откажува сите настани и претстави од МОТ до петок

А1он