Претстава и звучна инсталација на „Скопско лето“

Од:

Во рамки на фестивалот „Скопско лето“, вечер во Детскиот театарски центар во скопската чаршија ќе гостува Мал драмски театар Битола со камерната претстава „Корекција“, според истоимениот драмски текст на современиот српски писател Зоран Гаши.

– Претставата се занимава со темата на траумите по бурниот распад на ЈУ-федерацијата и со сите нијанси на човековата болка и страдање што со себе ги носи војната. Оваа драмска адаптација е строго интимно профилирана и ги илустрира конфликтите помеѓу она порано и ова сега со болната транзиција, која се храни токму со трагични човекови судбини, соопшти „Скопско лето“.

Во претставата режирана од Ник Упер учествуваат актерите Борис Чоревски, Здравко Стојмиров, Сандра Грибовска и Александар Стефановски. Драматургијата, сценографијата и изборот на музика е на Нико Горшич, видеодизајнот на Павле Михајловски, костимограф е Марија Пупучевска.

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, пак, денеска од 11 до 15 часот ќе биде претставена звучна инсталација „Скопска сонорност“  на композиторот, музички продуцент, истражувач и едукатор д-р Роберт Саздов.

Тој е член на Интернационалната асоцијација за компјутерска музика (ИЦМА), Мрежа за студии на електроакустична музика (ЕМС), австралискиот Сојуз за компјутерска музика, каде членувал во Извршниот одбор од 2003 до 2007. Неговите дела се изведени на фестивали и концерти во Канада, Кина, Чешка, Франција, Германија, Велика Британија, Ирска, Нов Зеланд, Романија, Јужна Америка, Шведска, САД и Австралија.  Има богато педагошко искуство во дисциплините на музичката технологија, композиција, музичка продукција, аудио инженерство, психоакустика, етномузикологија и популарна музика.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија