Претпоследен ден на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Од:

Претпоследниот ден од 36. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола иако се приведува кон крајот, и денеска нуди богати содржини кои ќе бидат реализирани на неколку фестивалски сцени.

По традиционалната утринска прес-конференција со ретроспектива на настаните од синоќешната филмска понуда, на фестивалот ќе бидат одржани две работилници со Лијанско Мигел Љансо кој ќе говори на тема „Како да изработите успешен нискобуџетен филм“, додека пак Јаромир Шофр и Марек Јича ќе одржат работилница на тема „Дигитализација и реставрација под контрола на снимателите“

Мигел Љансо е режисер од Шпанија, а негов фокус се експерименталните филмови. Со филмот „Трошки“ настапувал на фестивалите во Ротердам, Лос Анѓелес, Буенос Аирес и други фестивалски центри, додека пак тандемот Шофр и Јича од Чешка ќе презентираат искуства од државниот филмски фонд во матичната држава.

Во рамките на програмата „Мак Поинт“ ќе биде емитуван македонскиот филм „Денот да е радосен“ во режија на Љубица Поповска, а кинематографер е Игор Ангелов, додека пак во рамките на програмата „СЕЕ Камера“ ќе биде емитувана копрудукциската драма од Македонија, Бугарија, Ирак и Романија – „Жената на мојот живот“ во кој ќе настапат неколку македонски актери.

Меѓународното стручно жири и публиката денеска ќе ги погледнат последните два филмови штосе во конкуренција за наградите златна, сребрена и бронзена „Камера 300“. Во 18.45 часот ќе биде емитуван јапонскиот игран филм „Нашата мала сестра“ во кој кинематографер е Такимото Микија, додека во 22.00 часот ќе биде прикажан италијанскиот филм „Црни души“ каде режисерот Франческо Музи за кинематографер го избра Владан Радовиќ.

ИФФК „Браќа Манаки“ завршува утревечер со изложба на фотографии и доделување на фестивалските награди и признанија.

Би можело да ве интересира

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Со премиера на „Домаќинство за почетници“ почна Фестивалот „Браќа Манаки“

Лабина Митевска е годинашна добитничка на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“

Мони Дамевски реизбран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Претседателот Пендаровски ја додели наградата Златна Камера 300 за животно дело на Ентони Дод Ментл

Ана Ололовска