Премиерна изведба на претставата „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ

Од:

Премиерна изведба на претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, во режија на Лука Кортина ќе биде одиграна вечерва во МКЦ, во „сала 25 мај“.

По премиерата денеска, закажани се уште две изведби на 6 и 7 септември (понеделник и вторник) со почеток од 19 часот.

Драмата на Вукелиќ „Дневна доза мазохизмот“, како што посочуваат од МКЦ, за прв пат ќе биде поставена не само во земјава, туку денеска ја доживува и својата светска премиера. Праизведбата на овој драмски текст во нашата земја означува сериозен чекор во развојот на соработката помеѓу младите театарски работници од регионот и Европа.

– Праизведбата на мојот текст „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ е од големо значење за мене како автор, а верувам и за Пресврт, кој со овој проект отвора интресен простор на независната сцена и ги поврзува уметниците на интелектуално ниво, истражувајќи нови изрази и естетики. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина. Од перспектива на хрватска авторка сметам дека ни се потребни не само праизведби на современи текстови, туку и соработка со уметници од овие простори со кои делиме доволно сличности за да се испреплетат темите што нè засегаат, а и доволно различни за да учиме едни од други, вели Дина Вукелиќ.

Изведбите на претставата „Дневна доза мазохизам“ се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија