Премиера на „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ во МКЦ

Од:

Во Младинскиот кулурен центар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, по текст и во режија на Ришард Ниечим од Канада.

Во претставата настапуваат Јасмина Билаловиќ и Златко Митрески, кој е и музички изведувач и автор на музиката. Останатиот тим го сочинуваат: Ивана Балабанова – асистент на режисерот, Павел Маслов – костими, Мартин Манев – сценографија и Симона Димковска – асистент-сценограф.

Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ е дел од циклусот претстави на Ришард Ниечим под заедничкиот наслов „Древни огледала/Современи гласови“. Претставата е во два чина, од кои првиот чин ги претставува древните гласови или патријархалната херојска перспектива на мажите и машките богови и божици на античка Грција во однос на жените и женственоста, додека вториот ги претставува современите гласови на наследената патријархална херојска перспектива на современите мажи и жени без потхранувачките митови за античките богови и божици и наследената борба на жените за ослободување на сопствениот женски глас.
„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“, како што се наведува во описот на претставата, се занимава со современите конфликти меѓу наследените патријархални херојски машки начини на перцепција и женските перспективи што се развиваат и некои од ефектите врз телото, умот и душата на современата жена кои се занимаваат со губење на вербата во старите богови и божици и античките поими за божественост, кога вербата во божественоста е заменета со волјата за моќ.

Билетите се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 300 денари. Поради КОВИД-19 протокол, местата се ограничени.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а го спроведува З.У.К.Ц. Медиа Артес. Подготовката на претставата беше логистички поддржана од „Битрикс Културно-уметнички центар“.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје