Премиера на операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа

Од:

Во Македонската опера и балет вечер премеирно ќе биде изведена операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа во режија на Енрико Кастиљоне, а под диригентската палка на Стефано Романи, двајцата од Италија.

Сценографијата е на Александар Златовиќ, костимограф Весна Радовиќ од Србија, а кореограф Олга Панго.

Изведувачкоит дел од екипата го сочинуваат: Џована Казола од Италија, во насловната улога Маурицио (тенор) е Ѓорѓи Цуцковски, Принцеза де Бујон (мецосопран) е Елиjа Тодиско (Италија), Игуменот од Шазеј  (тенор) е Дејан Стоев, Мишоне, менаџер на сцена  (баритон) е Марјан Јованоски, Госпоѓица Жувено (сопран) е Биљана Јосифов, Госпоѓица Данжевил (мецосопран) е Николина Јаневска, Поисо (тенор) е Никола Стојчески, Кино (бас) е Диме Петров, а Мајор (тенор) е Јане Дунимаглоски.

Репризата на претставата е закажана за вторник, а во неа ќе настапат: Сандра Митровска, Иван Момиров-Бугарија, Марика Поповиќ, Александар Стефаноски, Јане Дунимаглоски, Марјан Јованоски, Катерина Митева, Катерина Весковска, Марјан Николовски, Борко Биџовски и Зоран Данилов, по истиот редослед на улогите.

Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски