Во Македонската опера и балет вечер премеирно ќе биде изведена операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа во режија на Енрико Кастиљоне, а под диригентската палка на Стефано Романи, двајцата од Италија.
Сценографијата е на Александар Златовиќ, костимограф Весна Радовиќ од Србија, а кореограф Олга Панго.
Изведувачкоит дел од екипата го сочинуваат: Џована Казола од Италија, во насловната улога Маурицио (тенор) е Ѓорѓи Цуцковски, Принцеза де Бујон (мецосопран) е Елиjа Тодиско (Италија), Игуменот од Шазеј (тенор) е Дејан Стоев, Мишоне, менаџер на сцена (баритон) е Марјан Јованоски, Госпоѓица Жувено (сопран) е Биљана Јосифов, Госпоѓица Данжевил (мецосопран) е Николина Јаневска, Поисо (тенор) е Никола Стојчески, Кино (бас) е Диме Петров, а Мајор (тенор) е Јане Дунимаглоски.
Репризата на претставата е закажана за вторник, а во неа ќе настапат: Сандра Митровска, Иван Момиров-Бугарија, Марика Поповиќ, Александар Стефаноски, Јане Дунимаглоски, Марјан Јованоски, Катерина Митева, Катерина Весковска, Марјан Николовски, Борко Биџовски и Зоран Данилов, по истиот редослед на улогите.
Учествуваат, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.