Премиера на МОБ – „Балетска вечер на Бурнонвил“

Од:

Македонската опера и балет вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Балетска вечер на Бурнонвил“ – ретроспектива за творештвото на данскиот и светски реномиран кореограф Аугуст Бурнонвил (1805-1879).

Како што информираше МОБ, „Балетска вечер на Бурнонвил“ е трилогија составена од инспирациите на авторот од три земји: Франција, Италија и Шпанија.

– Насловите на трите делови на делото се: Конзерваториум, Фестивал на цвеќето и Прозорецот. Авторската екипа која ја пренесува кореографијата на Бурнонвил е работена на музика од Паули, Лумбие, Холм, Хелстед, поставена е и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен од Данска, соопшти МОБ.

Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски кој, исто така, ќе настапи и како солист на виолина. Оркестарот на МОБ ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

„Балетска вечер на Бурнонвил“ репризно ќе биде изведена на 7 април.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска