Премиера на македонскиот филм „Златната петорка“ за крај на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

Во Битола вечер завршува 37. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, а во чест на наградените ќе се одржи светска премиера на македонскиот филм „Златната петорка“.

На свеченоста, на светски познатиот кинематографер Федон Папамихаил, ќе му биде врачена специјалната златна „Камера 300“ за осбоен придонес во светската филмска уметност. На познатиот британски продуцент Сајмон Пери, Друштвото на филмски работници на Македонија, ќе му ја додели наградата „Голема Ѕвезда“ за исклучителен придонес за македонската кинематографија. Пери како главен продуцент на „Бритиш скрин“ беше еден од продуцентите на „Пред дождот“, најуспешниот македонски игран филм.

Свеченоста на затворањето, ќе ја режира Мартин Кочовски, кој подготвува перформанс поврзан, како што вели, со будењето на нов живот.

Веднаш по свеченото доделување на специјалните признанија, ќе бидат објавени и добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 и ќе биде прикажан филмот„ Златна петорка“.

Во филмот улогите ги толкуваат актерите Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и други.

Филмот „Златна петорка“ по светската премиера во Битола, ќе биде емитуван во официјалната селекција на Интернационалниот филмски фестивал „Реинденс“, на 29 септември во Лондон.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски