Во Македонската опера и балет вечер ќе биде премиерно изведена јапонската оперска претстава „Ноќен жерав“ од Икума Дан.
Во претставата која обработува јапонска традиционална бајка, настапуваат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши, Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецу, а диригент Мазахико Окочи.
Учествуваат оркестарот на МОБ и детскиот хор „Пиколо“ на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, под раководство на Весна Димчевска.
„Ноќен жерав“ во недела ќе гостува во Центарот за култура во Битола.