Продуцентската куќа Кавал филм Ве известува дека на 13-ти јули, среда во 21 часот во МКЦ парк кино, во рамките на фестивалот на европски филм“ Cinedays”, ќе се одржи премиера на краткометражниот игран филм “Синиот час” посценарио и во режија на Ана Јакимска.
„Синиот час” е копродукција на Кавал филм од Скопје со Круг филм и Филмс за нас. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република С. Македонија.
„Синиот час” е приказна за Петра, девојка со потекло од мало провинциско гратче, која живее и работи во Скопје каде успеала да се избори за своето место, да се интегрира во урбаната средина и да се реализира на професионален план. Во обидот да ги оствари своите соништа за иднината и на љубовен план, за време на предновогодишната забава организирана од компанијата во која работи, таа се впушта во романтична авантура со колегата кој ѝ се допаѓа. Но, во исто време во посета ѝ доаѓа нејзината мајка. Ова совпаѓање на настаните го става на тест односот помеѓу мајката и ќерката. Преку нивниот однос и внатрешните превирања на Петра, филмот го отсликува и судирот помеѓу два различни концепта на живеење, модерните текови на животот во Скопје, како главен град в о подем, и конзервативните убедувања на луѓето доселени од внатрешноста на земјата во транзициските 90-ти години од минатиот век.
Улогите во филмот ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Жаклина Стевковска, Дарко Набаков и Тамара Ристоска.
Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф – Симо Бранов, монтажер – Горјан Атанасов, дизајнер на звук – Игор Поповски, композитор – Тони Китановски, костимограф – Жаклина Крстевска и шминкер – Жанета Димитриевска.
Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски, а копродуценти се Дејан Крајчевски и Павлина Проевска.