Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Од:

Во понеделник (17.03.2025) со почеток од 12 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Плашливиот Лав“.

„Плашливиот Лав“ е детска театарска претстава која носи силна порака за другарство и социјализација кај децата. Основното дејствие се случува во големиот магичен град – Вондер Сити. Лавот Роби има сон да стане крал на поп музиката. Но за жал, неговите стравови го спречуваат да си го оствари својот сон. И покрај неговиот прекрасен глас, Роби е премногу срамежлив да пее за кој било друг освен за себе. Поради своите стравови, лавот Роби се заплеткува во низа урнебесни и комични ситуации, кои прават да е многу тажен. Се додека еден ден, случајно не го запознае кловнот Боби, кој блеска со самодоверба и позитивна енергија. Боби го открива талентот на Роби и го гледа потенцијалот во неговиот глас. Решен да му помогне на Роби да го надмине стравот од сцената, Боби станува негов ментор и пријател.

Автор на претставата е Марјан Анѓеловски, а улогите ги толкуваат актерите Јасмин Рамани и Мето Јанакиевски.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.

Одлична можност за најмладата публика да биде дел од едно уникатно театарско музичко-сценско искуство!

Би можело да ве интересира

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“