Предавање на турскиот археолог и фотограф Туна Акчај

Од:

Познатиот археолог Туна Акчај, професор по археологија на Гази универзитетот во Анкара, денеска во Музеј на Град Скопје ќе одржи предавање на тема „Животот и смртта според култот на мртвите во Олба“. Музејот го организира предавањето во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје.

Проф. д-р Туна Акчај дипломирал археологија и социјални науки на Универзитетот во Мерсин, Турција. Магистрирал на тема „Гробницата Олба“, а докторски студии запишал на Универзитетот во Келн, Германија. Во 2012 година докторирал на тема: „Култот на мртвите во гробницата Олба“, по што  работи како професор на Факултетот за археологија при Гази универзитетот во Анкара.

Учествувал на археолошки истражувања на повеќе локалитети низ Турција и придонел за зачувување и промовирање на културните вредности на градот Мерсин.

Од 2000 година Акчај се посветил на уметничката фотографија. Околу 50 негови фотографии биле наградени на национално и меѓународно ниво. Во 2013 година ја добил престижната награда за најуспешна уметничка фотографија и е прогласен за најдобар фотограф во Турција. Таа година учествувал и на конкурс за фотографија организиран од УНЕСКО и добил награда за најуспешно остварување.

Со група врвни фотографи во 2013 година го основал Здружението „Анадолска фотографија“  во кое е  заменик претседател. Дела на десет членови на Здружението од 1-ви до 8 декември се претставени на изложбата „Турска современа фотографија“ во галеријата Чифте амам во Скопје.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска

Статуи на Афродита и Дионис откриени во Турција

Ана Ололовска