„Пред дождот“ прикажан во кинотека на Хаваи

Од:

Кинотечната институција  „Синематики Мауи“ на хавајскиот остров Мауи  минатата недела го прикажа филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во рамките на „Мауи филм студиската група“, соопшти С-прес.

„Пред дождот“ беше дистрибуиран во американските киносали во 1995 и оттогаш се прикажува на американската телевизија, а ДВД дистрибуцијата во САД почна во 2009, кога престижниот „Критерион колекшн“ го издаде како дел од серијата филмски класици.

„Пред дождот“ на режисерот и сценарист Милчо Манчевски е најуспешен македонски филм – има освоено над триесет меѓународни награди, меѓу кои се и Златниот лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент спирит во САД, филм на годината во Аргентина, Шведска, Турција и Италија.

„Њујорк тајмс“ го вброи меѓу 1.000 најдобри филмови на сите времиња.  Филмот беше дистрибуиран со голем успех на сите континенти, а веќе со години е дел од наставната програма на голем број универзити низ светот (како и во средните училишта во Италија), се прикажува во кинотечни циклуси и влезен е во бројни филмски енциклопедии.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ