Постер на Илир Рамадани на кој е прикажан градот Тетово на изложба во Париз

Од:

Постер изработен од тетовецот Илми Рамадани го претстави градот Тетово на изложбата што во организација на Француската алијанса веќе еден месец се одржува во Париз, а на која се изложени уште над стотина постери на градови од околу 80 земји каде Француската алијанса има свои канцеларии.

Ова денеска го истакна директорката на Француската алијанса, Жули Шамберлен на прес-конференција во просториите на таа организација во Тетово.

Целта на настанот, посочи таа, беше да се запознае француската јавност со работата на нашата организација низ светот и истовремено да се претстават градовите и културите каде Француската алијанса има свои канцеларии.

– За Тетово, но и за Македонија ова беше навистина големо признание постерот од градот да биде дел од оваа изложба бидејќи Македонија беше една од само четирите земји од Балканот што беа претставени преку постери изложени надвор во самиот центар на Париз веднаш до црквата Нотрдам. Постерот на Илми Рамадани се наоѓа и во книгата во која се сите проекти во рамки на изданието Празник на графиката 2015, изјави Шамберлен.

Делото на Рамадани било избрано на конкурс во септември минатата година на Француската алијанса која има простории во Тетово.

– На мојот постер се претставени неколку значајни природни и верско, но и културно историски обележја на Тетово,како Шар Планина и реката Пена, Стариот камен мост, Соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ и Шарената Џамија. На овој начин, сакав да го претставам Тетово и пред француската и пошироката јавност и се надевам дека тоа ќе биде мој мал придонес во привлекувањето туристи да го посетат мојот град, рече Рамадани.

Изложбата на отворено во Париз, на постерите со светските градови каде е присутна Француската алијанса, меѓу кои и Тетово, ќе трае до 8 февруари.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“