Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде претставена на Американскиот универзитет во Благоевград

Од:

На покана на Американскиот универзитет во Благоевград, денеска ќе биде претставена поезија на поетот Славе Ѓорѓо Димоски.

Пред присутните ќе се чита поезија на македонски и на англиски јазик објавена во неговите книги „Engravings“ („Гравири“) и „Field. Batelevield?“ („Поле. Бојно поле?“), а ќе биде воден и разговор со поетот за современата македонска поезија и нејзината состојба денес. Поезијата на Ѓорѓо Димоски ќе ја претстави бугарскиот поет Владимир Левчев.

Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски е застапена во многу антологии на македонската поезија и преведувана на други јазици. На македонски јазик објавил четиринаесет книги, а деветнаесет одделни избори се објавени на странски јазик, од кои три на бугарски. Одделни песни и поетски циклуси му се преведени на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е есеистичка книга, а во Италија е одбранет магистерски труд.

Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на повеќе награди, меѓу кои: „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“ (Русија), „Гран-при на европската поезија“ (Романија), а двапати го добил највисоко признание на Охрид – „Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“ – за особен придонес во подемот на Охрид и за животно дело.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска