Поезија од Тетјана и Сергиј Ѕјуба во издание на „Макавеј“

Од:

Издавачката куќа „Макавеј“ во заедничко издание ги објави поетските книги „Приспособување кон времето“ и „Љубов со водената вила“ од украинските автори Тетјана Ѕјуба и Сергиј Ѕјуба. Двата наслова објавени во една книга се во препев на македонски јазик од писателката и преведувачка Вера Чорниј Мешкова.

– Поетското претставување на тандемот Ѕјуба на македонски јазик претставува избор од нивното најмаркантно поетско творештво кое се создава во изминатите децении и е преведено и препознатливо во европски и во светски размери. Сергиј и Тетјана Ѕјуба во моментов се меѓу најрепрезентативните претставници на современата поезија во својата земја, соопшти „Макавеј“.

Нивни книги се преведени во педесетина држави, а се носители и на најзначајните украински книжевни награди, како и на признанија во повеќе ервопски земји, во САД, Австралија и во земји од Азија.

Книгата е во продажба во книжарниците „Или-Или“, „Култура“ и „Антолог“ и на порталот kupikniga.mk.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска