Поезија од Радически во весникот „Литературна Украина“

Од:

Во најновиот број на весникот „Литературна Украина“ на Националниот сојуз на писателите на Украина е објавена поезија на Науме Радически, во избор и препев на украинската писателка и преведувачка Ана Багрјана.

Изборот на песните на Науме Радически е направен од неговата постхумно објавена поетската книга „Времепрашина“, што минатата година ја издаде „Македоника литера“.

– Ова е шеста поетска книга на Радически (1953-2014), кој зад себе остави богат творечки и научен опус од областа на книжевноста и книжевната историја. Книгата содржи повеќе од седумдесет песни кои се поделени во три циклуси, од кои најобемниот е насловен како „Песни во настанување“, односно ги содржи последните напишани песни на авторот, информира „Македоника литера“.

Радически беше редовен професор по современи јужнословенски литератури на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Уметничката, критичарската и научноистражувачката актива на Радически е разновидна: поезија, литературна и ликовна критика, литературна историја, есеистика итн. Поедини негови поетски творби, критичко-есеистички текстови и статии од литературната наука се преведувани на други јазици, а и самиот преведуваше од други јужнословенски литератури.

– Освен македонската литература во минатото и во современоста, негова научна преокупација беа некои спојни теми во јужнословенскиот литературен контекст како: македонските теми во другите јужнословенски литератури, делото на Македонците кои во минатото создавале литературно творештво на другите јужнословенски јазици и др. Науме Радически беше првиот главен уредник на списанието Македоника, кое има меѓународна редакција, наведува „Македоника литера“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска