Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан објавена во британско книжевно списание

Од:

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан, во оригинал на македонски и препеана на англиски јазик, е објавена во новиот број на британското книжевно списание „Калина Ривју“.

Песните на Етернијан ги избра и ги препеа на англиски познатата американска поетеса Џудит Скилман, која состави и белешка за авторот.

– Јовица Тасевски-Етернијан, вешто преведен од страна на Џудит Скилман, е македонски автор со природна моќ. Неговото дело има митски квалитети на свет текст и може да ве поттикне да помислите на некои поети од Источна Европа како Васко Попа или Мирослав Холуб, истакнуваат уредниците во воведот на списанието.

Во белешката за поетот, пак, се нагласува дека „песните на Јовица Тасевски-Етернијан се одликуваат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења; тие извираат од моќна поетска имагинација“.

Уредници на списанието „Калина Ривју“ се реномираниот британски преведувач и поет со украинско потекло, Стив Комарницкиј, добитник на награда за препев од Англискиот ПЕН-центар и преведувачката Сузи Спејт.

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави. 

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска