Поезија на Јовица Тасевски-Етернијан во литературното списание „Сентинел“

Од:

Поезија од Јовица Тасевски-Етернијан е објавена во познатото списание за светска литература „Сентинел“ од Лондон, кое се издава во печатена форма и на интернет. Излегува четири пати годишно, а освен поезија во списанието се објавуваат и раскази, драми, критики, есеи и интервјуа.

Ова е трета објава на поезијата на Тасевски-Етернијан во британската книжевна периодика каде што за песните на македонскиот автор се истакнува дека имаат „митски квалитети на сакрален текст… се одликуваат со оригинални слики, богат фигуративен јазик и повеќеслојни значења…извираат од моќна поетска имагинација“.

Јовица Тасевски-Етернијан е автор на шест поетски книги, а неговата поезија е преведена на дваесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во околу триесет држави.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска