Дваесет автори, членови на македонската писателска асоцијација денеска ќе настапат во Тетово во рамките на поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија.
На отворањето на манифестацијата ќе се обратат ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Замир Дика и претседателот на ДПМ Веле Смилевски.
Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија во годинашниот циклус до сега гостуваше во Свети Николе, Крива Паланка, Битола, Штип и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“. Поетите ќе го продолжат караванот и во Струмица, Лазарополе, Македонски Брод, Кичево, Демир Хисар, Крушево… Поетскиот караван ќе заврши со традиционалната манифестација „Средба на генерации“ во рамките на Деновите на Блаже Конески, кои секоја година се одржуваат од 17 до 19 декември, денот на раѓањето на големиот македонски поет, основоположник и прв претседател на македонската писателска асоцијација.
На оваа манифестација учество ќе земат 80 поети од сите генерации.