Поетскиот карван на Друштвото на писателите на Македонија денеска продолжува пред храмот Св. Ѓорѓија во селото Дебреше, Гостиварско каде ќе настапат осумина поети, членови на ДПМ.
Во карванот на ДПМ, во рамките на проектот „Почувствувај ја Македонија“, со цел афирмација и доближување на литературното творештво до читателите, до сега учествуваа 37 поети од различни генерации.
Карванот започна на 22 јуни во Дебар, потоа се одржа во Охрид, Прилеп, Штип и Битола,а сега, преку Гостивар, ќе продолжи низ повеќе градови од земјата, меѓу кои, Велес, Куманово, Неготино, Струмица и Виница.
Средбите со љубителите на пишаниот збор, се одржуваат на неконвенционален начин, на отворен простор, и се во функција на запознавање со природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.