Поетскиот караван на ДПМ во Штип

Од:

Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска е во Штипско. Пред храмот „Свети Ѓорѓија“ во селото Лесковица ќе настапат поетите Илхами Емин, Благој Самоников, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Борче Панов, Христо Петрески и Оливера Доцевска.

Целта на караванот, што се одржува во рамките на проектот „Почуствувај ја Македонија“, е афирмација и доближување на литературното творештво до читателите на неконвенционален начин на отворен простор. До крајот на годинва во него ќе учествуваат шеесет поети.

Поетскиот караван започна на 22 јуни годинава во Дебар, а потоа се одржа во Охрид и Прилеп. Сега се одржува во Штип, по што ќе продолжи во повеќе градови во Македонија меѓу кои и Велес, Куманово, Гостивар, Битола, Неготино, Струмица и Виница.

Средбите со љубителите на пишаниот збор се одржуваат на отворен простор и се во функција на запознавање на природните убавини, историските знаменитости и духовните светилишта на Македонија.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска