Поетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија, денеска ќе биде во Гевгелија. Настанот се одржува во рамки на проектот за дисперзија на културните настани во земјата.
Љубителите на литературата во овој град на пладневната поетска манифестација во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе имаат можност да се сретнат со 18 автори од различни генерации, најави ДПМ.
Поетите до сега гостуваа во Куманово, Свети Николе, Радовиш, Гостивар, Крива Паланка, Битола, Штип, Крушево, Тетово, Илинден, Македонски Брод, Велес, Демир Хисар и Лазарополе, а учествуваа и на Фестивалот на детското литературно творештво „Ракатки“.