Во рамки на Битолското културно лето, денеска почнува дводневниот фестивал „Поетски синтези“, организиран од Здружението за наука и култура НОВА.
На фестивалот ќе настапат, автори-членови на Друштвото на писатели на Македонија, како и гости од Русија, Унгарија и Србија.
На поетскиот митинг ќе биде доделена традиционалната награда „Поетска муза“ за естетизација на поетскиот дискурс, интертекстуалност и интерпретација, а ќе биде промовиран и зборникот „Битолска поетска разгледница“.