Поетски портрет на Виолета Танчева-Златева во ДПМ

Од:

Поетски портрет на Виолета Танчева-Златева денеска ќе биде претставен во Друштвото на писателите на Македонија. Танчева-Златева е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на годинашните Струшки вечери на поезијата. За творештвото на поетесата ќе зборуваат Зоран Анчевски и Братислав Ташковски, а стиховите ќе ги чита Александра Велинова.

Претстижната награда „Браќа Миладиновци“ на СВП, за најдобра поетска книга во Македонија, Танчева-Златева ја доби за стихозбирката „Година без лето“, која жири комисијата ја оцени како иновантен и впечатлив поетски резултат во поновите текови на македонската литература.

Во образложението, меѓу другото, се истакнува дека Виолета Танчева-Златева остварува зрел стилски баланс на поетскиот израз што внимателно се држи до традиционалното пеење, но и со одмерено чувство за иновацијата и експериментот.

Книгата зрачи со ненаметлив и тивок лиризам, но и со умешно дозирани необични и свежи решенија кои поетскиот јазик на авторката го издигаат на високо рамниште од кое таа се јавува како еден од најиинтересните и најзрели поетски гласови во современите текови на македонската поезија.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска