Поетски портрет на Радован Павловски во рамки на научната визита на МАНУ

Од:

Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во научниот и уметнички центар Куќа на Уранија – МАНУ во Охрид, вечер, ќе се одржи „Поетски портрет на академик Радован Павловски”.

Радован Павловски е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Белград и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на МАНУ. Во творештво на Павловски, полно со метафори, преставена е македонската земја, народ, култура и историја.

Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговите родители, таткото Павле и мајката Достана, кои потекнуваат од македонското село Железна Река, Гостиварско, се враќаат во родното место, каде Радован го поминува своето детство. Таму завршува основно образование, а средното образование во Гостивар. Потоа студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Својот живот го посветува на пишуваната поезија. Од појавата на првите песни до денес, неговото творештво го поврзуваат со македонскиот идентитет, со битието на древниот, сегашен и иден македонски народ и нација. Неговата поезија е специфична во својата метафорика, со изграден посебен култ кон сликата, кон природата, кон навраќање на стварниот и замислениот свет на поетовиот роден крај, Железна Река. Секоја песна, длабоко произлегува од неговиот живот, од неговата врска со сите времиња на сопствениот народ и неговото битие. Движејќи се по своите патишта, тој во творештвото не само што се открива себеси, туку и македонскиот народ, кој како вечен мит од најдревните времиња до денес, па и во иднина ќе биде светла точка на светската историја.

Добитник е на републичките награди: „Браќа Миладиновци” (1965), „11- ти Октомври” (1971), „Кочо Рацин” (1991) и „Ацо Шопов” (1995), како и на повеќе меѓународни признанија.

Поезијата на Радован Павловски е преведувана на околу 50 јазици, меѓу кои на англиски, арапски, грчки, германски, италијански, кинески, руски, француски и шпански јазик, а застапена е и во многу антологии на современата македонска, европска и светска поезија. Во 2006 година е избран за редовен член на МАНУ.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи