Поетот Борче Панов добитник на Светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година

Од:

Поетот Борче Панов од Радовиш, кој во последно време е еден од најпреведуваните македонски поети во светот, ја доби светската книжевна награда „САХИТО“ за 2021 година.

-Честа е голема, бидејќи ја добивам како прворангиран поет во силна конкуренција од светски познати поети помеѓу кои се Фалеха Хасан од Ирак/САД, номинирана за Пулицерова награда, Купријанов Вјачеслав од Русија, еден од најголемите руски поети денес, Лидиа Чиарели, Мај Ван Пен од Виетнам, Ванг Гуилин од Кина и други кои се книжевни ѕвезди во нивните земји, универзитетски професори, амабасадори на мирот, амбасадори на културата, основачи и раководни лица во разни светски литературни фондации и поетски движења и асоцијации, како и промотори на модерната интернационална поезија, рече Панов.

Наградата му е доделена од Одборот на судии за литература од Европа, Америка и Африка составен од шест судии од Турција, Италија, Шведска, Република Северна Македонија, Чиле и Капе Верде (Република Зелен ’Рт), кои одлучувале од 600 селектирани апликации со по 20 песни од секој поет од цел свет.

Би можело да ве интересира

Објавена „Македонска љубовна лирика“ – најобемниот тематски избор од современата македонска поезија приреден досега

Објавена програмата на четвртиот Скопски поетски фестивал

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“