„Поетите на третата генерација во македонската литература“, нова книга од Веле Смилевски

Од:

Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје, во рамките на програмата на Министерството за култура со проекти од национален интерес, ја објави книгата „Поетите на третата генерација во македонската литература“ од Веле Смилевски.

Книгата е објавена во знак на одбележување на шест децении од појавата на третата поетска генерација чие творештво изврши силно влијание во развојните процеси на македонската поезија која, во тој период (од крајот на педесеттите години на минатиот век) го фаќаше чекорот со развиените европски литератури.

Критичките љубопитства, истражувања и толкувања во обемната студија на Веле Смилевски осветлуваат одредени аспекти од поетските опуси на Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Јован Котески, Богомил Ѓузел, Јован Павловски и Петар Т. Бошковски, чии стихови се дел од најзначајните антологиски претставувања на македонската поезија во земјата и во светот, наведуваат од „Дијалог“.

Толкувачкиот пристап на Смилевски е надополнет со избор од по десет најкарактеристични песни на авторите што се предмет на неговата студија. Во овој оддел објавени се фотографии и био-библиографски прилози за поетите. Рецензент на книгата е акад. Луан Старова.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска