Поетесите од ДПМ на манифестација „Женско писмо – да или не?

Од:

Македонски поетеси од различни генерации кои членуваат во Друштвото на писателите на Македонија и во неговиот  Клуб на писателки „Даница Ручигај“ денеска со читање стихови од своите творби учествуваа на манифестацијата .„Женско писмо – да или не?“.

Женското писмо е родов, културолошки и книжевен феномен. Според некои анкети, авторките свесно или несвесно во уметноста внесуваат женскост – теми и специфики на жената: емоција, меланхолија, плач, нерамноправност, запоставеност, дискриминација…

– Најдобра е онаа книга од која не може да се заклучи од кој пол е авторот.  Лично мислам дека е беспредметна секоја поделба, па и определувањето, дистинкцијата и инсистирањето во и на литературата на женска и машка, односно на женско и машко писмо, зашто постои само добра и лоша литература, па таа или е или воопшто не е литература… Сето женско писмо не е феминистичко и не е поврзано со феминизмот, па најлесно и површно е да се поврзува постојано и безрезервно женското писмо со феминистичката критика, рече писателот Христо Петревски на отворањето на настанот.

Претседателката на Клубот Мирјана Стојановска изјави дека целта е повеќе да се подискутира за женското писмо паралелно со тенденциите за родова еднаквост.  Повикувајќи се на анализи и истражувања на познати теоретичари, таа рече дека постои разлика меѓу машкото и женското писмо што се должи на различната природа на жената и на мажот.

– На пример, Фројдовата теорија вели дека историски гледано, жената влече поинакви корени, перцепцијата на уметноста на жената оди во поинаква насока и треба и поинаков прочит на литературата на женското писмо, Или, пак, Вирџинија Вулф во својот познат есеј „Сопствената соба“ вели дека жената мора да има пари, своја сопствена соба ако сака да пишува романи, рече Стојановска.

Клубот на писателки го сочинуваат членките на ДПМ, кои се една третина од околу 280 членови на писателската асоцијација. Клубот  е именуван Даница Ручигај (1934-1963) по скопската поетеса и авторка на две стихозбирки, која загинала во земјотресот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска