Поетесата Маркоска на меѓународен поетски фестивал во Гранада

Од:

Македонската поетеса Марта Маркоска ќе го претстави своето авторско творештво на 14. Интернационален поетски фестивал во Гранада, Никарагва, каде ќе престојува од денеска до 17 февруари на покана на организаторите.

Четиринаесетто издание на фестивалот е посветено во спомен и чест на починатите поети Фернандо Силва Еспиноза од Никарагва и поетот Роберто Соса од Хондурас. Учествуваат 118 поети од целиот свет, а Маркоска е единствена претставничка од Македонија.

Маркоска досега има единаесет авторски објави и препеви на нејзините песни, на преку 11 јазици, меѓу кои и најновиот препев, „Црне рупе у нама“, во издание на „Граматик“ од Белград, чие излегување беше промовирано неодамна. Препевот на песните од книгата „Црни дупки во нас“, од македонски на шпански, го направи Сања Михајловиќ – Костадиновска, а нивната лектура, кубанскиот поет, Виктор Родригез – Нунез.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска