Почнуваат 53. Струшки вечери на поезијата

Од:

Со засадување дрвце во паркот на поезијата во чест на лауреатот, јужнокорејскиот поет Ко Ун и традиционалното читање на песната „Т’ га за југ“ пред Домот на поезијата денеска почнува 53. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“.

Годинашниот добитник на „Златниот венец“ пристигна во Струга, а престижната награда ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

Струга по 53. пат ќе биде претстолнина на поезијата, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга до 24 август. Следните два дена учесниците ќе го посетат Скопје и други градови низ Македонија.

По свеченото отворање во предворјето на Домот на поезијата ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“. На фестивалската програма предвидени се музичко – поетски перформанс, традиционалните „Ноќи без интерпункција“, симпозиуми на тема „Поезијата и политичкото“, а предвидено е и меѓународно поетско читање „Матине“ кое ќе се одржи во предворјето на манастирската црква „Св. Богородица“ во Калишта. Според програмата ќе биде промовирано списанието „СУМ“, посветено  на Струшките вечери на поезијата и проекцијата Поетски времеплов на МРТВ. На програмата е и Омаж на македонските поети Ацо Караманов, Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски и починатите лауреати на СВП Шејмас Хини, Тадеуш Ружевич, Васко Граса Моура и Хосе Емилио Пачеко, како и вечер на македонската поезија односно поетски портрети на македонските поети Богомил Ѓузел, Радован Павловски и Влада Урошевиќ.

Освен од Македонија, на 53. издание на СВП ќе учествуваат околу 50 поети од 34 земји.

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“