Почнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

Од:

Во организација на општина Крива Паланка од денеска до 27 август ќе се одржи јубилејното, десетто, издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

На годинашната програма годинава ќе настапат културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Романија, Словачка, Црна Гора, Србија, Бугарија и Македонија.

Фестивалот започнува во 20 часот, а во истиот термин започнуваат и сите фестивалски вечери. Настапите ќе се одржат на плоштадот „ВМРО“ во центарот на Крива Паланка. Пред почетокот на официјалната програма, во 18 часот е закажано свечено дефиле на сите учесници кое ќе започне од улицата „8 Септемри“ во населбата Осичка Маала. Дефилеа се предвидени и за останатите две фестивалски вечери, со различни појдовни локации за да можат гостите – учесници да се запознаат со градот, а пак кривопаланчани да уживаат во мелосот и колоритните носии на фолклористите од разни земји и култури.

Фестивалот се одржува од 2005 година по повод големите христијански празници Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски, кој е светец-закрилник на Крива Паланка и патрон-празник на градот.

Би можело да ве интересира

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид

Митовски: Водата ден по хаваријата во рудникот „Тораница“ е сериозно загадена