Почнува културната манифестација „Крива Паланка град на културата за 2013 година“

Од:

Се усвои јулската програма од сценско-музичката и културна манифестација  „Крива Паланка град на културата за 2013 година“.

Од вечерва ќе започне четиридневната работилница за уметнички фотографии на фото кино клубот „Види“ од Крива Паланка со ФКК „Козјак“ од Куманово. На овој фото кампус ќе учествуваат повеќе млади ентузијасти на фотографијата при што ќе има теоретски дел со вовед во фотографијата, историја на техника, објективи и композиција со практична работа.

Во наредниот период следуваат концерти, летна школа за архитектура, поетски вечери, театарски претстави, изложби и многу други културни содржини.

Проектот „Крива Паланка град на културата за 2013 година“ го организираат Општината, Центарот за култура и Градскиот музеј со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ