Почнува „Илинден 2017“

Од:

Општина Илинден од денеска до 22 април ќе ја организира 18-тата Литературна манифестација „Илинден 2017“, која ќе се одржува во Домот на култура „Илинден“. Свечено ќе биде отворена вечер, а централен настан е поетскиот митинг „Стихови за душата“ на 21 април, кога ќе учествуват дваесет и пет писатели од Македонија и од балканските држави.

Во деновите на манифестацијата, во Домот на култура „Илинден“ ќе се одржува и саем на книгата под мото „Денови на книгата“ кој, според организаторот, ќе понуди богат избор на книги за љубителите на пишаниот збор.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржат промоции на книги, меѓу кои поетската книга „Устата на јавето“ од Раде Силјан и стихозбирката „Песна на ридот“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска, добитник на наградата „Ацо Шопов“ за 2016 година.

Читателите ќе имаат можност и за средба и разговор со писателките Кристина Николовска и Лилјана Пандева, кои ги добија наградите „Димитар Митрев“, односно „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија. Дел од „Илинден 2017“ ќе биде и книжевното пладне со писателот Александар Поповски, добитник на наградата на ДПМ „Ванчо Николески“.

Покрај книжевни случувања, на манифестацијата ќе има и изложба на слики на академскиот ликовен уметник Павле Кузмановски, како и музички колаж на Васил Атанасов.

Составен дел и од годинашната манифестација „Илинден“ ќе биде традиционалното Литературно матине за деца, на кое ќе настапат повеќе писатели за деца и млади, како и млади неафирмирани поети. На Литературното матине ќе бидат доделени награди и пофалници за најуспешните творби пристигнати на литературниот конкурс распишан од Општина Илинден.

За време на манифестацијата ќе биде отворена и библиотека во новоизградениот Дом на култура во населеното место Марино, со донација на книги од „Матица македонска“ од Скопје.

Влезот за сите културни настани е слободен. Општина Илинден соопшти дека ќе организира и превоз за сите што сакаат да присуствуваат на отворањето на манифестација вечер, како и на поетскиот митинг „Стихови за душата“ на 21 април.

Двата настана ќе почнат во 19 часот, а поаѓањето на заинтересираните посетители е во 18 часот од паркингот пред хотелот „Холидеј ин“ во Скопје со автобус број „63“. Превоз е обезбеден и за враќање од Илинден по завршување на настаните.

Би можело да ве интересира

Апасиев положи цвеќе на Прохор Пчински за јубилејниот АСНОМ

Предраг Петровиќ

Министерството за човекови и малцински права им го честита Илинден на Македонците во Србија

Мицкоски: Прогласувам мораториум на разговори на теми кои делат и ги злоупотребуваат етничките прашања, ги повикувам сите лидери да зборуваме за она што решава проблеми, економијата, образование, иновации

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

„Борбата трае“ ќе биде мотото на државната прослава на 2 Август