Почнува Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“

Од:

Со изложбата на доајенот на македонската илустрација за деца, Младен Туниќ во Чифте амам, денеска ќе биде отворено третото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера 2021“. Фестивалот ќе трае до 31 октомври.

Изложбата ќе се состои од илустрации на Туниќ што ги создавал специјално за детски списанија, книги, но и романи за возрасни.

Младен Туниќ е роден во Призрен во 1930 година. На пет години неговото семејство се преселило во Скопје, каде тој го завршил основното образование во ОУ „Браќа Миладиновци“. Талентот за цртање од мал го одвел во средното Училиште за применета уметност, каде се запишал во 1945 година, на отсек сликарство. Тој им припаѓал на првите генерации ученици на ова училиште.

Неколку години по завршувањето на средното образование, почнал да работи во весникот „Нова Македонија“, како ликовен уредник – илустратор.Тој е еден од основачите на „Детска радост“, а бил одговорен ликовен уредник на сите детски списанија во издание на оваа издавачка куќа – „Росица“, „Другарче“, „Развигор“. Кога бил основан весникот „Вечер“ во 1963 година, Туниќ бил ликовен уредник. Тој е автор на логото на „Вечер“.

Освен што создал илустрации за деца, Туниќ има илустрирано и многу книги за возрасни. Учествувал на многу изложби во земјава и во странство.

Тој е еден од основачите на „Маџирмаалските средби“, кои и ден денешен се одржуваат. Починал во 1985 година во Скопје.

Од „Литера“ информираат дека на третото издание на фестивалот ќе бидат организирани и тркалезни маси на теми поврзани со проблемите на издаваштвото за деца и илустрацијата. Наесен се планираат работилници во повеќе населени места низ Македонија, посети на писатели и запознавање со творештвото на автори и надвор од земјава.

Фестивалот годинава се одржува со поддршка од го поддржува Министерството за култура, „Халк банка“, „Жито Пром“, Печатница „Софија“, и „Маја вода“.

Би можело да ве интересира

Конференција „Македонската современа сликовница“ на фестивалот „Литера 2023“

Ана Ололовска

Тркалезна маса „Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја“

Ана Ололовска

Мастерклас на хрватскиот илустратор Свјетлан Јунаковиќ на фестивалот „Литера“

Ана Ололовска

„Бел“, „Ежето Снеже“, „Брзоплетковска 63 и случајот со смрдливите чорапи“ и „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ – наградени на „Литера“ 2020

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Приказните ја обликуваат нашата фантазија, но и нашите вредносни животни јадра

Ана Ололовска

Конкурс за официјална илустрација на фестивалот „Литера 2020“

Ана Ололовска