Почнува 35. Скопски џез фестивал

Од:

Eден од најиновативните импровизатори на француската џез-сцена, пијанистот Бојан Зулфикарпашиќ познат како Бојан З. вечер во Македонскиот народен театар ќе го отвори 35. издание на Скопскиот џез фестивал.

Годинава фестивалот ќе се одржува од 13 до 16 октомври во Македонскиот народен театар (МНТ), каде ќе има вечерна програма, а ќе има и два полноќни концерти во Младински културен центар Дансинг сала и во Сити хол центарот.

Во МНТ вечер ќе настапи и светскиот виртуоз на гитарата, Џулијан Лаж со своето трио.

Втората фестивалска вечер е резервирана за бразилскиот гитарист и кантавтор Винисиус Кантуарија, кој во Скопје ќе го претстави својот најнов проект „Vinicius Cantuaria canta Antonio Carlos Jobim“ посветен на големиот бразилски музичар. Истата вечер публиката ќе го чуе полското трио на пијанистот Марцин Василевски со гостинот саксофонист Јоаким Милдер.

Во рамки на третата фестивалска вечер или на 15 октомври во МНТ ќе настапат два врвни авангардни џез состави – американскиот квартет „Made to Break“ и скандинавското трио „The Thing“.

На последната вечер ќе биде претставен новиот проект на музичарот Питер Еванс на труба, со триото наречено „Pilverize the Sound“. За крај концерт ќе има групата на францускиот саксофонист и вокалист Томас де Пуркери „Supersonic“, која последниве години се смета за најголемо откритие на европската џез сцена.

Полноќната програма на фестивалот на 14-ти октомври ќе ја отвори принцезата на соул музиката, светски популарната пејачка Џос Стоун. Саботниот полноќен концерт е резервиран за македонскиот состав Гоце Стевковски септет, кој за оваа прилика ќе настапи со гостинот Џијан Емин.

Покровител на фестивалотот е Министерството за култура, а поддржувачи се Град Скопје, Амбасадата на САД во Македонија, Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Би можело да ве интересира

Награда за најдобар македонски млад џез музичар на Скопскиот џез фестивал во МКЦ

Вечер на Скопскиот џез фестивал посветена на солидарноста на бегалците

Почна јубилејното 40. издание на Скопскиот џез фестивал

А1он

Почнува јубилејното 40. издание на Скопје џез фестивал

Ана Ололовска

Почнува 39. Скопски џез фестивал

Ана Ололовска

Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов ќе го отворат 39. Скопски џез фестивал

Ана Ололовска