Почнува 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Од:

Во Битола вечер свечено ќе биде отворен 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, на кој до 19 септември ќе бидат прикажани 76 филмови во неколку програми. Од нив 11 се во главната програма во трка за наградите „Камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена).

Мотото на фестивалот е „Кон ѕвездите“, а ѕвезда на годинашниот ИФФК е  една од најпознатите и најнаградувани светски актерки, оскаровката Жулиет Бинош. Нејзе ќе и биде врачена  Специјална награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Фестивалот ќе биде отворен со најновиот филм во кој глуми Бинош – „Облаците на Силс Марија“.

Годинашни лауреати-кинематографери се Крис Менџис, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Лука Бигаци, добитник на Специјалната награда „Златна камера 300“. Во нивна чест ќе бидат прикажани филмовите „Читачот“ и „Големата убавина“.

На 35. ИФФК се и премиерите на два македонски филма: „До балчак“ на Столе Попов, на втората фестивалска вечер, и „Децата на сонцето“ на Антонио Митрикески, на затворањето на фестивалот на 19 септември.

Во соработка со Европската асоцијација на кинематографери (ИМАГО) на 18 септември ќе биде одржана Третата белканска конференција на кинематографери во рамки на ИФФК.

Наградата „Златна ѕвезда“, која лани ја воведе Друштвото на филмски професионалци на Македонија, ќе му биде доделена на Милчо Манчевски, кој пред 20 години со „Пред дождот“ освои „Златен лав“ во Венеција. Во чест на Манчевски ќе бидат прикажани и „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски