Почна јубилејното 40. издание на Скопскиот џез фестивал

Од:

Во Македонската опера и балет вечерва започна јубилејното 40-то издание на Скопскиот џез фестивал со соло рецитал на саксофони на супер-херојот на скандинавската џез сцена, Матс Густафсон од Шведска.

Веднаш по Густафсон ќе настапи новата колема ѕвезда на џезот, басистката Линда Меј Хан О од САД.

Овогодишниот Скопје џез фестивал изобилува со богата програма, а во пресрет на јубилејот организиран е специјалниот проект „Ну Мјузик 4“ посветен на џез-легендата Дон Чери, со Кристер Ботен, Горан Кајфеш, Матс Густафсон и Окај Темиз, како и настапот на проширениот ансамбл на нашиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов.

Скопје џез фестивалот ќе трае од 20 до 24 октомври во салите на Националната опера и балет и Кино Фросина во Младинскиот културен центар, каде над единаесет познати изведувачи од Северна Македонија, Европа, Куба и САД ќе одржат концерти во живо.

Би можело да ве интересира

Награда за најдобар македонски млад џез музичар на Скопскиот џез фестивал во МКЦ

Вечер на Скопскиот џез фестивал посветена на солидарноста на бегалците

Почнува јубилејното 40. издание на Скопје џез фестивал

Ана Ололовска

Почнува 39. Скопски џез фестивал

Ана Ололовска

Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов ќе го отворат 39. Скопски џез фестивал

Ана Ололовска

Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит почна Скопскиот џез фестивал

Ана Ололовска