Почна европската „Сезона на филмски класици“

Од:

„Сезона на филмски класици“ е проектот на Европската асоцијација на кинотеки во кој учествува и Кинотеката на Република Северна Македонија. На 5 месецов ќе се одржи втората проекција од овој проект, кога Филмотеката на Валенсија ќе го прикаже немиот филм Санз и тајните на неговата уметност на својот „јутјуб“ канал.

Првата проекција во рамки на проектот се одржа во декември 2020 година, кога Југословенската кинотека – на својот „јутјуб“ канал – го прикажа немиот филм Грешница без грев.

Кинотеката на Македонија учествува во овој проект со новите дигитално реставрирани копии на играните филмови Фросина и Мирно лето.

Како што соопштија од Кинотеката, двете дигитални копии ќе бидат првпат прикажани во јуни годинава – во летното кино на Кинотеката, со што проектот „Сезона на филмски класици“ ќе финишира.

Истовремено, ќе биде одбележана и 60-годишнината од премиерата на првата македонска комедија МИРНО ЛЕТО, со пригодна изложба и концерт на мелодии од почетокот на 1960-ите години, „современици“ на дејствието на филмот.

Според организаторите, целта на оваа иницијатива, координирана од ACE (Европската асоцијација на кинотеки / Association des Cinematheques Europeennes) и е поддржана од програмата MEDIA на Европската комисија е да се доближи европското филмско наследство до публиката и да се запознае младата популација со она што за постарите претставува „филмска класика“.

Сите проекции во рамките на „Сезоната на класици“ се бесплатни.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска