Почна албанскиот фолклорен фестивал „Ода Дибране“

Од:

Во присуство на градоначалниците на Дебар и пограничниот албански град Пешкопеа синоќа во големата спортска сала во Дебар почна традиционалниот албански фолклорен фестивал „Ода дибране“ (дебарска соба).

Манифестацијата, што традиционално се одржува во Пешкопеа, за првпат годинава почнува во Дебар, кој лани беше домаќин на третата фестивалска вечер.

Фестивалот за отворен го прогласија градоначалниците на Дебар, и Пешкопеа, Ружди Љата и Шукри Џелили.

фестивал дебар

– Посебна чест и задоволство ми е што токму во нашиот град почнува оваа значајна манифестација, на која имаме можност да видиме дел од богатиот фолклор и носија од сеалбанските простори. Дебар ширум ги отвори вратите, добре дојдовте на првата вечер на 21. фестивал „Ода дибране“, рече градоначалникот Љата.

Заблагодарувајќи се на гостопримството, градоначалникот Џелили на присутните им посака пријатни мигови со изведбата на фолклорните групи.

– Почестени сме што сме тука во Голем Дебар. Пред вас ќе се претстават фолклорни групи и ансамбли од Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора и Прешево, рече Џелили, заблагодарувајќи се на албанското Министерството за култура кое финансиски го помогнало одржувањето на фестивалот.

Почетокот на оваа културна манифестација да биде во Дебар, претходно согласност постигнаа локалните власти на двата града за време фестивалот „Албански тетар во Македонија“ што неодамна се одржа во Дебар, а на кој присуствуваше и градоначалникот Џелили.

Дваесет и првото издание на фестивалот „Ода дибране“ продолжува и денес и утре во Домот на културата во Пешкопеа. Покрај настапот на фолклорните групи ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Заим Елези, како и саем на книги на автори кои пишуваат за Дебар (Голем Дебар) и Пешкопеа(Мал Дебар), но и книги на автори од двата града.

Ода дибране народно кажано значи соба за прием и добредојде на пријателот. – Тоа е симбол на огништето на албанското гостопримство и херојство, појаснува Нури Колеци, поет од Дебар, кој е редовен посетител на фестивалот во Пешкопеа.

Пред почетокот на првата фестивалска вечер, учесниците продефилираа низ центарот на градот и новоизграденото дебарско шеталиште.

Би можело да ве интересира

Џез Фабрика фестивал Битола дел од светската мрежа на Арт фестивали

А1он

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Едукација, хуманост и забава на едно место: Вечерва прво издание на „Ајде фестивалот“ чиј покровител е Хајделберг факултет

Хајделберг Факултетот во Скопје главен покровител на првото издание на „Ајде фестивалот“ во општина Аеродром