Почина Горјан Тозија

Од:

Утрово на 68-годишна возраст почина Горјан Тозија – Медо, поранешен директор на Агенцијата за филм.

Во својата обемна професионална биографија вбројува големи успеси на македонската кинематографија.

Тозија беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во Министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.

Тој беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), и раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“. Во периодот од 2017 до 2020 година беше директор на Агенцијата за филм на РСМ, период во кој македонскиот филм го доживува најголемиот успех во светски рамки.

Горјан Тозија потпиша повеќе од 50 филмски и телевизиски проекти како продуцент, меѓу кои „Ослободувањето на Скопје“ (2016), „Трето полувреме“ (2012), „Ливада“ (1998), „Џипси Меџик“ (1997), „Преку езерото“ (1997), „Undercover“ (1991), „Sidney Sheldon’s Memories of Midnight“ (1991), „The Forgotten“ (1989), „A time of destiny“ (1988), „Преку езерото“, како и „Пред дождот“ кој доби номинација за Оскар во 1994.

В петок, 14.01.2022 во 11:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде одржана комеморативна средба.

Би можело да ве интересира

Почина Филип Аврамчев

Почина легендата на прилепска Победа Николче Здравески

Катерина Ѓуровски

Почина проф. д-р Миле Димитровски

Катерина Ѓуровски

Почина Стојанче Стефанов, 62 жртва од трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Фудбалерот Гелар Гонзалес почина по судар со голман

Почина славниот актер Вал Килмер

Горан Наумовски