По втор пат распишан конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово

Од:

Општина Куманово по втор пат го распиша конкурсот за избор за најдобра фотографија со мотиви од Куманово – „Мое Куманово“.

Конкурсот се распишува бидејќи на првиот оглас не се пријавиле доволен број заинтересирани учесници, соопштија надлежните од одделението за локален економски развој од oпштината. Kонкурсот се распишува врз основа на програмата за општа туристичка пропаганда и за подобрување на условите за престој на туристите во Општина Куманово.

Општината ги поканува сите заинтересирани професионалци и аматери да се пријават со свои авторски фотографии согласно утврдените критериуми. Фотографиите треба да бидат со мотиви од Општина Куманово, панорамски фотографии, ноќна фотографија , знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани. Еден автор може да достави и повеќе од една фотографија.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија од 15.000, 10.000, и за трето место 5.000 денари. Фотографиите треба да се достават во затворен плик, најдоцна до 5 јуни, годинава.

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он