„Плати со поезија“ на десет локации во Македонија

Од:

Денот на поезијата – 21 Март денеска по четврти пат ќе се одбележи со настанот „Плати со поезија“ во Скопје и во Велес. Сите што ќе напишат стих или песна може да се напијат кафе или чај во локалите што се вклучени во акцијата.

Настанот се одржува во десетици земји во организација на виенскиот произведувач на кафе и чај Јулиус Мајнл, со цел да се поттикне пишувањето поезија.

„Плати со поезија“ ќе се одржи во девет локали во Скопје (Лофт, Ревија, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џуси бар, Сквер21) и во Чао кафе во Велес.

Во кампањата се вклучени дваесетина поети кои ќе ги разменуваат своите искуства и мислења со секој кој ја сака поезијата.

– Оваа година за разлика од минатото, движењето презеде еден чекор повеќе и на меѓународно ниво Јулиус Мајнл сака да докаже дека поезијата е духот на музиката, која е универзалниот јазик. Затоа Јулиус Мајнл заедно со познатиот музичар ЈП Купер ќе создадат песна која ќе ги поттикне поетите од цел свет, соопштија организаторите.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска