Еден од најпознатите гласови на светот, шпанскиот тенор Пласидо Доминго, ќе настапи вечерва во белградската Комбанк Арена.
Доминго во својата импресивна кариера првпат ќе одржи солистички концерт во придружба на Симфонискиот оркестар и хор на РТС, со кој ќе диригира Израел Гурски, кој го следи оперскиот пејач на неговата турнеја. На сцената ќе му се придружат и сопраните Вирџинија Тола и Микаела Оесте.
Критичарите го нарекуваат Доминго „крал на операта“, бидејќи е единствен уметник кој изнел повеќе од 140 пејачки улоги, што претставува рекорд и бројка без конкуренција низ цела историја на операта.