Пладневна средба со поезијата на Мирјана Стојановска во ДПМ

Од:

 Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи пладневна средба со поезијата на Мирјана Стојановска.

За нејзините најнови поетски книги „Џез во двокреветна соба“ и „Крст, триаголник и круг“, ќе зборуваат Весна Мојсова Чепишевска и Елена Пренџова, а стихови ќе чита Александра Велинова.

Мирјана Стојановска и припаѓа на средната генерација македонски поетеси и е автор на стихозбирките: „Хроносот на зборот“, „Двобој со тишината“, „Заѕидана врата“, „Крст, триаглник и круг“ , „Џез во двокреветна соба“ и „Оксиморонот на мојата пеперутка“. Објавува книжевна критика во литературните списанија: „Стожер“, „Синтези“ и „Раст“. Нејзина поезија е препеана на српски, англиски и романски јазик. Застапена е во изборот  „Современа македонска поезија“ во рамките на  проектот „Македонска книжевност во 135 тома“.

Координатор е на Клубот на писателките „Даница Ручигај“ при ДПМ и претседател на Здружението за наука и култура „НОВА“ од Битола.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска