Пет уметници наградени за „Мал формат 2017“ на ДЛУМ

Од:

Во Културно-информативниот центар до 20 јануари ќе биде поставена годишната изложба „Мал формат 2017“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. На изложбата учествуваат 54 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија со повеќе од сто дела изработени во различни ликовни техники.

ДЛУМ и КИЦ и годинава ги доделија наградите на оваа републичка ликовна манифестација. Наградата за сликарство му е доделена на Драган Ветровски-Алпи, Агрон Абдули ја доби наградата за графика, наградата „Константин Мазев-Коце“ и е доделена на Силвана Атанасовска, „Вангел Коџоман“ на Жаклина Глигориевска-Кочоска и наградата „Адем Кастрати“ на уметникот Бурхан Ахмети.

Жаклина Глигориевска-Кочоска, добитничка на наградата „Вангел Коџоман“, изјави дека со создавањето уметност се одвоила од, како што вели, суетноста на животот и ја добила достоинственоста на слободата.

– Но и одговорноста да создавам дела кои во себе ја носат содржината на времето и настаните во кои живееме… Си дозволивме на уметноста да гледаме како на безодговорна забава, невина разонода а, всушност, целиот тој механизам без дух се претвори во култура на површност и баналности, смета Глигориевска-Кочоска, која е професорка во средното уметничко училиште во Скопје.

Оваа годишна изложба е посветена на малиот формат кој, според ДЛУМ, е творечки предизвик и честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика.

– Магијата на малиот квадрат во површина 25х25 сѐ уште претставува искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата. Гледајќи низ историјата – Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци, го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка, наведува ДЛУМ, организатор на оваа годишна изложба. хс/са/09:59

Би можело да ве интересира

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

(ВИДЕО) Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики

Ана Ололовска

Јубилејна изложба на ДЛУМ по повод 75 години од основањето

Изложба „Мал формат“ 2020 на ДЛУМ

Ана Ололовска

Отворена „Годишната изложба“ на ДЛУМ

Ана Ололовска

Изложба „ДЛУМ нова генерација на млади“ во Арт Хаб

Ана Ололовска