Пет стихозбирки во трка за наградата на СВП „Браќа Миладиновци“

Од:

Пет поетски книги се избрани во потесниот круг за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка.

Наградата ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија.

Годинава во трка за наградата се: „Небесна пантомима“ од Зоран Анчевски; „Под дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади; „Гласови“ од Јордан Даниловски; „Остави ме да си доиграм“ од Јовица Ивановски и „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска.

Директорот на СВП Мите Стефоски денеска на прес-конференција, на која ја соопшти програмата на 57-то издание на фестивалот, рече дека од 41 книга во конкуренција за наградата, жирито ги селектирало овие пет наслови во најтесниот избор.

Одлуката на жирито за наградата ќе биде соопштена на прес-конференција во рамки на претстојните СВП, кои ќе се одржуваат од 22-ри до 27 август.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Средба на претседателот Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Збирката „Дни, години“ на Димитар Башевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП